(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
занес, восхит
Примери:
љубовен запал
мн. запеви
Вид збор: Именка, машки род
Фраза или извик на почетокот од текстот што се пее.
Примери:
Завршокот на песната се поврзува со запевот.
златат
Вид збор: Глагол, несвршен
Позлатува, дава сјај, боја на злато.
Англиски:
gild
Албански:
bëj me ari, jap shkëlqim ari
Примери:
Имињата славни почит да ги злати.
златоглавиот
Вид збор: Придавка
Што има глава со боја на злато.
Примери:
Ќе ги чува милувањата на златноглавите птици.
златогривиот
Вид збор: Придавка
Што има грива со златеста боја.
Примери:
златогриво маче
златокрилиот
Вид збор: Придавка
Што има златести крилја.
Примери:
Ќе му пеат птиците златокрили.
златопериот
Вид збор: Придавка
Што има златести пердуви, перје со златна или златеста боја.
Примери:
Што си имав едно пиле златоперо.
златорогиот
Вид збор: Придавка
Што има златен рог.
Примери:
Како ли ќе живее таа кротка срна без својот златорог елен.
златотканиот
Вид збор: Придавка
Што е ткаен со златни конци, со златна срма.
Примери:
Донесе златоткани и други скапи ткаенини.
златоустиот
Вид збор: Придавка
Што е слаткоречив, што има прекрасен глас.
Примери:
Тој го бараше златоустиот певец.
(едн.) зовот
Вид збор: Именка, машки род
повик
Примери:
Утката што се јавуваше често, пак се јави, со истиот зов.